Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Захариев подари спална соба и машина за перење на семејства од Ново Село Објавено

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, прим. м-р Илчо Захариев при посетата на Ново Село и обиколка на неколку семејства кои претрпеа штета им ветил директна помош. На едно семејство му ветил спална соба а на друго машина за перење облека. Своето ветување го исполнил, иако двете семејства се сомневале во тоа. Велат и порано ни ветувале, ама овој пат се случи ветеното да биде исполнето:

- Дојде Захариев при посетата на Владината делегација и ме праша што ми треба. Го знаев како фармацевт, тука беше долги години во Штип. Му реков дека ми треба спална соба и пред се поголем кревет бидејќи мојата снаа е бремена. Рече ќе ти донесам јас. Прво си реков, сите ветуваат, сите таксуваат ама ништо од тоа. Но да ви кажам се излажав. Онака како што ми вети, ми донесе спална соба. Без пријатно изненадена. Не можев да поверувам. Си реков, човекот си стои на зборот. И не само тоа, јас имам преживеано мозочен удар. Дојде со цела листа на лекови за да ми помогне. Потоа ми донесоа и нови дрва бидејќи директорт на ЈП „ИСар“, Никола Мицевски исто беше тука, донесе дрва за греење бидејќи моите беа однесени од реката. Можам само да им искажам голема благодарност. Многу ни помогна во овие денови. Слушнав дека и на сосетката и подарил машина за перење алишта која и била оштетена. Секоја чест. Што да кажам повече од ова - изјави Убавка Ќартакова од Ново Село.

Кандидатот Захариев, не сакаше да дава коментари по искажаната благодарност. Вели дека благодарноста му е повеќе од доволна бидејќи тоа биле моменти кога требало да покажеме солидарност. Воедно најави и нова поддршка за оштетените места во штипско. Веќе обезбедил и 100 вреќи цемент за санирање на состојбите со изливот на Лакавичка река

5000 каранфили за жените од Илчо Захариев

Кандидатот за градоначалник на Штип Илчо Захариев денеска по повод 8 март ќе подари 5000 цвеќиња на жените што лично тој си ги купил во знак на внимание кон жената, мајка, домаќинка...
„Избрав каранфили затоа што овој цвет кај нас стана традиционален за 8 март„ рече Захариев кој првите каранфили денеска ги подарил на жените кои непосредно го опкружуваат во семејството и на работното место,и секако во урбаните заедници во градот и селата што тој деновиве интезивно ги посетува.Захариев каранфили на жените ќе дели во модните конфекции на потанешен Астибо, во МК Вива Феш и на градскиот пазар.

Девојките што доброволно се вклучиле да ја опслужуваат новоотворената канцеларија за комуникација со граѓаните на улицата „Ванчо Прќе„ денеска преку целиот ден на сите жени што ќе влезат во канцеларијата за раговор или ќе поминат покрај неа без разлика на нивната верска или политичка (не)припадност ќе добијат по еден каранфил

              БРЗАТА ПОМОШ СПАСИ СТРАНКА  НА КОЈА И СЕ СЛОШИ


                Денеска, околу 11,15 часот и се слошило на една странка која вадела документи во  просториите на едношалтерскиот систем во зградата на Локалната самоуправа. Некои од вработените веднаш повикале брза помош, а други притрчале да и помогнат на жената која веќе паднала во бесознание.

            Брзата помош за кратко време пристигна, благодарние на возачот кој мошне умешно се снајде по улиците кои обично во петок имаат голема фрекфенција на возила и пешаци. Докторката и медицинската сестра веднаш ја укажаа потребната помош,  ја додао неопходната терапија и со носила жената беше ставена во амбуланското возило и експресно однесена во Штипската болница на натамошна рехабилитација.

Медицинските лица од брзата помош и некои од вработените во едношалтерскоддел заслужуваат честитки за укажана помош, но некои вработени недолично се однесуваа кон новинарите. Како што едношалтерските работници имаат задолжение да издаваат документи и да ги услужат граѓаните , лекарите да укажуваат помош, новинарите имаат професионална обврска да ја пренесат на јавноста нивната работа во случајот несаканиот настан кој заврши среќно. Жената беше спасена.   

                                               

                                                 БРАТУЧЕДИ НА ДРОГБА  ФАТЕНИ КАЈ ШТИП

                 Братучеди  на фудбалскиот ас од Африканската земја , Брегот на слонова коска, Дидие Дрогба, вчера биле фатени кај Штип заедно со уште петмина други емигранти , тројца од Авганистан и по еден од Мавританија и Гвинеја.

             Емигрантите од Брегот на Слонова коска за да се извелечат од ситуацијата во која се нашле изјавувале дека тие биле роднини на Дрогба и дека тргнале за Турција каде нивниот роднина игра за екипата на Галатасарај од Истанбул.

            Емигрантите биле фатени вчера околу 11 часот на магистралниот пат Штип-Свети Николе покрај патот каде возачот на автомобилот со кој се превезувале заменувал  гума која пукнала од преголемиот товар.  Полицијата за возачот Б.К. ( 27 ) од Скопје поднесе кривична пријава за криумчарење на емигранти, а тие биле префрлени во Центар за емигранти.